-->
-->
Премиер лига: Први бодови за Бурнемут
-->
Фудбалерите на Бурнемут ја постигнаа првата победа во новата сезона од Премиер лигата откако синоќа на „отворањето“ на 5.коло како домаќини го совладаа Брајтон со 2:1. До првите бодови стигнаа со пресврт бидејќи противникот поведе во 55.минута преку Сали Марч.
Човекот на пресврт беше Џордан Ајб, кој во игра влезе во 65.минута и асистираше на постигнувањето на двата гола. Во 67.минута стрелец беше Ендрју Шурман, а во 73.минута Џермејн Дефо.
Бурнемут сега е во групата на екипи со три бодови (Лестер и Вест Хем), додека без бод е Кристал Палас. Брајтон со четири бодови остана на 14.место на табелата.
Попладнево се играат уште седум натпревари од 5.коло, а последните два на програмата се утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо