Фудбал
17. May 2017 - 9:10

Премиер лига: М.Сити трет, Арсенал веднаш зад Ливерпул

Екипите на Арсенал и на Манчестер Сити остварија победи на синоќа одиграните дуели од Премиер лигата. Двата тима освоија нови три бодови важни за врвот на табелата. Овие натпревари од 34.коло беа одложени поради обврските на тимовите во ФА купот.
 
Арсенал пред своите навивачи го совлада Сандерленд со 2:0, а стрелец на двата гола беше Алексис Санчез.
 
Манчестер Сити го совлада тимот на ВБА со 3:1. Головите за домаќините ги постигнаа: Габриел Жезус, Кевин де Бруин и Јаја Туре. Погодокот за ВБА го постигна: Хал Робсон – Кану.
 
Манчестер Сити со новите три бодови се проби на третото место, додека Арсенал е на петтото место со еден бод зад Ливерпул.
 
Вечерва се игра дуелот Саутемптон – Манчестер Јунајтед, а утре е средбата Лестер – Тотенхем.
 
Табела: Челзи 90 бодови, Тотенхем 80, Манчестер Сити 75, Ливерпул 73, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед  65, Евертон 61,...