Фудбал
12. March 2016 - 15:48

Премиер лига: Манчестер Сити „загуби“ два бода во дуелот со Норвич

Фудбалерите на Манчестер Сити се повеќе го губат чекорот во врвот на табелата во премиер лигата. попладнево во рамките од 30.коло одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај Норвич и со тоа се во „минус“ уште два бода во однос на лидерот Лестер.

Лестер е прв со 60 бодови, а Манчестер Сити е на 4.место со 51.
Од оваа рунда денеска се играат уште дуелите: Бурнемут - Свонси и Стоук - Саутемптон, а утре на програмата е дуелот Астон Вила - Тотенехм, додека во понеделник ќе играат Лестер - Њукалсл.
Поради натпреварите од четвртфиналето на ФА купот одложени се дуелите: Ливерпул - Челзи, Манчестер Јунајтед - Кристал Палас, Сандерленд - Евертон, Вест Хем - Вотфорд, Арсенал - ВБА.