Фудбал
28. August 2016 - 18:53

Премиер лига: Манчестер Сити на врвот со Манчестер Јунајтед и Челзи

Екипата на Манчестер Сити остана на врвот на табелата во Премиер лигата откако во дуелот од 3.коло ја совлада екипата на Вест Хем со 3:1. Стрелци на головите беа: Стрелинг (7 минута), Фернандињо (18) и Давид Силва (90+2), додека голот за Вест Хем го постигна Антонио (58).

На првиот натпревар одигран денеска ВБА и Мидлсброу одиграа нерешено 0:0.
На врвот на табелата со максимален учниок од 9 бодови се Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед, додека без пораз е уште и Евертон со 7 бодови.