Фудбал
2. January 2017 - 21:49

Премиер лига: Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата победи

Со головите на Хуан Мата во 63. и Златан Ибрахимовиќ во 78.минута, Манчестер Јунајтед вечерва славеше победа со 2:0 на гостувањето во Лондон кај Вест Хем. За „црвените ѓаволи“ ова е шести триумф во серија.
 
Домаќините од 15.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Софиан Фегули поради груб прекршок.
 
Триумфот на Јунајтед му донесе напредок на табелата и моментално е на делбата со Тотенхем на петтата позиција, додека Вест Хем по вториот пораз по ред остана на 13.место.
 
Резултати на денешните натпревари од 20.коло во Премиер лигата:
 
Вест Хем – Манчестер Јунајтед 0:2,
Евертон – Саутемптон 3:0, 
Манчестер Сити – Барнли 2:1, 
Сандерленд – Ливерпул 2:2,
ВБА – Хал 3:1 и 
Мидлзброу – Лестер 0:0.
 
Три натпревари се закажани за утревечер: 
Бурнемут – Арсенал, 
Кристал Палас – Свонси и 
Стоук – Вотфорд. 
 
Колото ќе биде комплетирано в среда со лондонското дерби Тотенхем – Челзи.
 
Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 44, Манчестер Сити 42, Арсенал 40, Тотенхем 39, Манчестер Јунајтед 36,...