Фудбал
2. January 2017 - 18:35

Премиер лига: Ливерпул не победи на гостувањето кај Сандерленд

Екипата на Ливерпул не ја продолжи серијата победи во Премиер лигата откако во дуелот од 20.коло на гости кај Сандерленд одигра нерешено 2:2 иако воп два наврати водеше.

„Црвените“ поведоа преку Стариџ во 19.минута, а изедначи Дефо од пенал во 25.минута. Водство за Ливерпул донесе Мане во 72.минута, а Дефо по вториот пенал во 84.минута изедначи на 2:2.

Резултати на другите натпревари одиграни денеска:

МИДЛСБРОУ – ЛЕСТЕР               0-0

ЕВЕРТОН – САУТЕМПТОН          3-0

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАРНЛИ   2-1

САНДЕРЛЕНД – ЛИВЕРПУЛ      2-2

ВБА – ХАЛ                                        3-1

Во тек е дуелот Вест Хем - Манчестер Јунајтед.

Утре играат: Бурнемут - Арсенал, Кристал Палас - Свонси и Стоук - Вотфорд.

Последниот дуел од ова коло се игра во среда меѓу Тотенхем и Челзи.

Табела: Челзи 49, Ливерпул 44, Манчестер Сити 42, Арсенал 40, Тотенхем 39, Манчестер Јунајтед 36,...