Фудбал
3. February 2016 - 19:40

Премиер лига: Лестер – Ливерпул 2:0

Најголемиот хит сезонава во англиската фудбалска Премиер лига, тимот на Лестер продолжува со одличните игри. Избраниците на тренерот Клаудио Раниери синоќа остварија уште една победа над големо име во англискиот фудбал какво што е Ливерпул.

Со двата гола на Џејми Варди Лестер дојде до нови три бода и го задржа првото место на табелата.

Од водечката петорка победи забележаа Манчестер Сити, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, додека Арсенал одигра нерешено во дуел со Саутемптон.

Постигнати резултати во 24.коло:
Арсенал – Саутемптон 0:0,
Лестер – Ливерпул 2:0,
Норвич – Тотенхем 0:3,
Сандерленд – Манчестер Сити 0:1, 
Вест Хем – Астон Вила 2:0, 
Кристал Палас – Бурнемут 1:2, 
Манчестер Јунајтед – Стоук 3:0 и
ВБА – Свонси 1:1.

Вечер се играат натпреварите: 
Евертон – Њуксал и 
Вотфорд – Челзи.

Табела: Лестер 50 бодови, Манчестер Сити 47, Тотенхем 45, Арсенал 45, Манчестер Јунајтед 40, Вест Хем 39, Саутемптон 34, Ливерпул 34, Стоук 33,..