Фудбал
7. February 2016 - 20:37

Премиер лига: Коста го спаси Челзи од пораз

Со голот на Диего Коста во судиското надополнување на вториот дел (90+1 минута) шампионот Челзи успеа да освои бод попладнево во дуелот со Манчестер Јунајтед на домашен терен. Манчестер Јунајтед поведе во 61.минута преку Џеси Лингард. Ова беше последниот дуел од 25.коло од Премиер лигата. Со освоениот бод Челзи остана на 13.место, додека Манчестер Јунајтед се наоѓа на 5.то место на табелата.
 
На првиот дуел одигран денеска Арсенал победи со 2:0 на гостувањето кај Бурнемут.
 
Резултати на другите дуели од 25.коло: Манчестер Сити – Лестер 1:3, Тотенхем – Вотфорд 1:0, Свонси – Кристал Палас 1:1, Стоук – Евертон 0:3, Њукасл – ВБА 1:0, Ливерпул – Сандерленд 2:2, Астон Вила – Норвич 2:0, Саутемптон – Вест Хем 1:0.
 
Табела: Лестер 53 бодови, Тотенхем 48, Арсенал 48, Манчестер Сити 47, Манчестер Јунајтед 41, Вест Хем 39, Саутемптон 37,...