Фудбал
11. September 2016 - 19:23

Премиер лига: Коста донесе бод за Челзи

Екипата на Челзи освои бод на гостувањето кај Свонси на единствениот натпревар одигран денеска во рамките на 4.коло од Премиер лигата.

Во дуел со многу пресврти најпрвин поведе Челзи со голот на Коста во 18.минута. Но, Свонски за три минути направи пресврт. По грешката на одбраната голманот Куртоа направи пенал, што Сигурдсон го реализираше во 59.минута, а Свонси поведе во 62.минута со голот на Фер. Конечните 2-2 ги постави Диего Коста во 81.минута.
Утре (21 часот) се игра последниот натпревар од оваа рунда Сандерленд - Евертон.
 
Табела: Манчестер Сити 12 бода, Челзи 10, Манчестер Јунајтед 9, Тотенхем 8, Ливерпул 7, Арсенал 7, Хал 7, Евертон 7,...