Фудбал
14. October 2016 - 13:37

Премиер лига: Клоп (Ливерпул) и Сон (Тотенхем) со наградите за месец септември

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп и играчот на Тотенхем Сон ги добија признанијата за најдобри во Премиер лигата за месец септември.

Клоп е првиот Германец менаџер што ја добива оваа награда, додека Сон е играч од Азија со оваа награда.
Ливерпул во септември ги освои максималните девет бодови, додека Сон за Тотенхем постигна четири голови.