Фудбал
5. April 2017 - 7:50

Премиер лига: Ибрахимовиќ донесе бод за МЈ

Со голот на Златан Ибрахимовиќ од пенал во судиското надополнување на вториот дел (90+4.минута) Манчестер Јунајтед синоќа се спаси од пораз на домашен терен од Евертон во дуел од 31.коло од Премиер лигата. Натпреварот заврши 1:1, а водечкиот гол за гостите го постигна Фил Џагиелка во 22.минута.
На другите три дуели од оваа рунда одиграни синоќа победија домашните екипи: Барнли – Стоук 1:0, Лестер – Сандерленд 2:0 и Вотфорд – ВБА 2:0.
 
Вечерва се играат шест дуели, а дербито го играат Челзи и Манчестер Сити. Двојки на другите натпревари: Арсенал – Вест Хем, Хал – Мидлсброу, Саутемптон – Кристал Палас, Свонси – Тотенхем и Ливерпул – Бурнемут.
 
Табела: Челзи 69 бодови, Тотенхем 62, Ливерпул 59, Манчестер Сити 58, Манчестер Јунајтед 54, Арсенал 51, Евертон 51,...