Фудбал
3. January 2016 - 18:58

Премиер лига: Евертон и Тотенхем одиграа без победник

Последниот натпревар од 20.коло од Премиер лигата одигран попладнево на Гудисон Парк меѓу Евертон и Тотенхем заврши без победник 1:1.

Домашните поведоа со голот на Ленон во 22.минута, а изедначи Али во 45.минута. 
Тотенхем остана на 4.место со 36 бодови, додека Евертон е 11.ти со 27 бодови.
На првиот натпревар одигран денеска Челзи како гостин го совлада Кристал Палас со 3:0.
 
Резултати од 20.коло на вчера одиграните натпревари: 
Вест Хем - Ливерпул 2:0, 
Арсенал - Њукасл 1:0,
Лестер - Бурнемут 0:0,
Манчестер Јунајтед - Свонси 2:1,
Норвич - Саутемптон 1:0,
Сандерленд - Астон Вила 3:1,
ВБА - Стоук 2:1,
Вотфорд - Манчестер Сити 1:2.
Табела: Арсенал 42 бода, Лестер 40, Манчестер Сити 39, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 33, Вест Хем 32, Кристал Палас 31, Ливерпул 30,...