Фудбал
18. October 2016 - 8:40

Премиер лига: Де Геа го „одбрани“ Манчестер Јунајтед на Енфилд

Последниот натпревар од 8.коло од Премиер лигата одигран синоќа на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши без победник 0:0. Во натпревар со многу тактизирање домашниот тим ги имаше двете најдобри шанси за гол, но голманот на гостите Давид Де Геа успеа да ги одбрани ударите на Емре Џан и на Филипе Кутињо, двата во вториот дел.
Ливерпул со освоениот бод остана на четвртото место со 17 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на седмата позиција со 14.
На врвот на табелата се Манчестер Сити и Арсенал со по 19 бодови, а зад нив е Тотенхем со 18. Воедно оваа екипа е единствената непоразена во премиер лигата.