Фудбал
30. October 2016 - 19:09

Премиер лига: Челзи славеше на теренот на Саутемптон

Со головите на Еден Азар (6 минута) и на Диего Коста (55) Челзи забележа победа на гостувањето против Саутемптон. Ова за „сините“ од Лондон беше четврта победа во серија со што се искачија на четвртото место на табелата со 22 бода или само еден помалку од водечката тројка Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул.

На вториот натпревар одигран попладнево Евертон го совлада Вест Хем со 2:0.
Десеттото коло од Премиер лигата ќе биде комплетирано утре со дуелот Стоук - Свонси.