Фудбал
20. November 2016 - 18:58

Премиер лига: Челзи нов лидер

Екипата на Челзи ја постигна шестата победа по ред (17:0 гол разлика) во Премиер лигата и изби на првото место на табелата. Челзи на гостувањето го совлада Мидлсброу со 1:0, а стрелец на голот беше Диего Коста во 41.минута.

Последниот натпревар од 12.коло се игра утре меѓу ВБА и Барнли.
Челзи е прв со 28 бодови, пред Ливерпул и Манчестер Сити кои имаат по 27, а следен на табелата е Арсенал со 25.
Челзи е четртата екипа во Премиер лигата сезона што се наоѓа на 1.место (Манчестер Јунајтед 1. коло, Манчестер Сити од 2 до 10.коло, Ливерпул 11.коло, Челзи 12.коло).