Фудбал
1. March 2016 - 8:59

Премиер лига: Челзи гостува кај Норвич

Во англиската Премиер лига вечерва се играа првите пет натпревари од 28.коло. Шампионот Челзи гостува кај екипата на Норвич, додека лидерот Лестер на домашен терен ја пречекува екипата на ВБА.

На другите три натпревари вечерва играат: Астон Вила - Евертон, Бурнемут - Саутемптон и Сандерленд - Кристал Палас. Почетокот на сите дуели е во 20:45 часот.
Утре се играат исто така пет дуели, а двојките се: Арсенал - Свонси, Стоук - Њукасл, Вест Хем - Тотенхем, Ливерпул - Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед - Вотфорд.