Фудбал
12. August 2017 - 18:28

Премиер лига: Барнли го совлада првакот Челзи

Најголемото изненадување на стартот од Премиер лигата го направи Барнли, кој како гостин го совлада првакот Челзи со 3:2, откако ја искористи предноста од двата црвени картона на „сините“. Предвреме дуелот го завршија Кејхилво 14 и Фабрегас во 81.минута. Барнли водеше со 3:0 со головите на Воукс (два) и Ворд (еден), додека кај Челзи стрелци беа Мората и Луиз.

На другите дуели од 1.коло: 
Кристал Палас - Хадерсфилд 0:3, 
Евертон - Стоук 1:0, 
Саутемптон - Свонси 0:0,
ВБА - Бурнемут 1:0,
Вотфорд - Ливерпул 3:3,
Арсенал - Лестер 4:3.
Попладнево од 18:30 часот се игра дуелот Брајтон - Манчестер Сити, а утре на програмата се дуелите: Њукасл - Тотенхем и Манчестер Јунајтед - Вест Хем.