Фудбал
10. April 2017 - 23:11

Премиер лига: Арсенал се подалеку од врвот на табелата

Екипата на Арсенал е се подалеку од врвот на табелата во Премиер лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај градскиот ривал Кристал Палас со 3:0. По овој пораз Арсенал е на шестото место на табелата со 54 бодови, колку што има и Евертон на седмата позиција.

Головите за Кристал Палас ги постигнаа: Андерс Таусенд 17.минута, Јохан Кабаје 63.минута и Лука Миливојевиќ 68.минута (пенал).
Кристал Палас со оваа победа има 34 бодови и се наоѓа на 16.место.