Фудбал
11. May 2017 - 9:10

Премиер лига: Арсенал ќе чека кикс на конкурентите за Лигата на шампионите

Екипата на Арсенал ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите откако синоќа во одложениот натпревар од  26.коло од Премиер лигата на гостински терен го победи Саутемптон со 2:0. Стрелци на головите беа: Алексис Санчез во 60.минута и Оливие Жиру во 83.минута.
 
Арсенал има 66 бодови и се наоѓа на 5.место на табелата и до крајот на шампионатот треба да одигра уште три дуели.
 
Табела: Челзи 84 бодови, Тотенхем 77, Ливерпул 70, Манчестер Сити 69, Арсенал 66, Манчестер Јунајтед 65, Евертон 58,...