Фудбал
21. December 2015 - 23:44

Премиер лига: Арсенал го совлада М.Сити

Со головите на Тео Волкот (33.минута) и на Оливие Жиру (42.минута) во првиот дел Арсенал оствари победа 2:1 во дербито на 17.коло од Премиер лигата против Манчестер Сит, додека стрелец за гостите беше Јаја Туре (82.минута). Со овој натпревар беше комплетирана оваа рунда.

Арсенал со 36 бодови е на второто место или има два помалку од лидерот Лестер, додека Манчестер Сити остна трет со 32 бода.