Фудбал
22. April 2016 - 8:58

Премиер лига: 500-та победа за Арсенал

Фудбалерите на Арсенал се вратија на третата позиција на табелата, во Премиерлигата, откако во одложениот натпревар од 30.коло, славеа над ВБА со 2:0.
 
Арсенал против ВБА ја забележа 500-та победа во Премиерлигата, а головите ги постигна Чилеанецот Алексис Санчес во шесттата и 38.минута. Со овиие два гола Санчес стигна до бројката од 12 голови во сезоната со што стана најдобар стрелец на екипата.
 
„Тобџиите“ на четири кола до крајот на шампионатот имаат 63 бода, пет помалку од второпласираниот Тотенхем и десет од лидерот Лестер.