Македонија
14. јуни 2019 - 16:32

Прекуграничната соработка со Грција ќе овозможи средства за реконструкција на Музејот на албанска азбука

Со европски пари, како дел од проектот „Конект“ за прекуграничната соработка ќе се реконструира Музејот на албанска азбука во Битола. Директорот Арслани вели дека е од големо значење бидејќи самата зграда е оставена во заборав.

-Ќе се реконструира зградата, ќе се поставуви онлајн ситстем за резервации и чекирање, а ќе има и обуки за вработените во музејот, изјави Нуер Арслани, директор на Музејот на албанската азбука во Битола.

На овој начин се промовира интеркултурниот дијалог.

-Ги поминува и целите на проект како билатерален меѓу две држави, затоа што овој проект опфаќа и пошироко, има мултикултурен импакт. Се работи за реконструкција на музејот на албанска азбука, кој што морам да спомнам дека импакт и во албанската култура затоа што со години го чекаат сите Албанци кога ќе се преземат конкретни чекори за реконструкција на овој музеј кој има големо значење за нас Албанците, истакна Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа.

Овој проект се очекува да придонесе исто така и развој на локалната економија преку поттикнување на услугите на музите и нивни туристички активности.

-Треба да овозможи не само градење на капацитетите, поврзување и правење на некоја траекторија на движење на идните посетители, но и зголемување на понудата во музеите и овозможување на соработка која ќе значи одрживост и на музеите, и на институциите но и на сите оние кои работат на полето на културата кои работат во Република Северна Македонија, но и во Република Грција, истакна Жарко Трајков, Центар за неформално образование Триаголник.

Проектот „Музеи кои ги поврзуваат културите ги поврзуваат народите” вмрежува три музеи од македонско-грчкиот пограничен регион: Музејот на албанска азбука во Битола, Фолклорниот музеј на Ано Ставро во Општина Волви и Олимпискиот музеј во Солун.