Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
Со лажни пораки наводно испратени од мејлот на Фондот за здравствено осигурување им ветувале исплата на пари за рефундација ако кликнат на одреден линк. Вакви известувања на нивните службени електронски пошти утринава добиле неколку граѓани вработени во државни институции.
Од ФЗО велат дека на овој начин преку злоупотреба на институцијата измамниците сакале да дојдат до лични податоци и трансакциски сметки на осигуреници.
- Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР. Фондот веќе го пријави случајот во МВР, информираат од ФЗО.
Ова не е прв пат да бидат злоупотребени државни институции кои имаат пристап до личните податоци и сметките на граѓаните.
Пред две години имаше предупредување и од УЈП дека повеќе лица добиле СМС пораки да се логираат на лажна мејл адреса на Управата и на истата да ги остават податоците од банкарската сметка и фотографија од личната карта.
Бројни се и лажните веб-страници преку кои ги мамат граѓаните дека се добитници на вредни награди, а за да ги добијат истите треба да ги остават трансакциските сметки кои потоа им ги празнат.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење