Преку Ковакс за Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19
Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој. Тоа ќе биде доволно за вакцинирање на речиси 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата.
Ковакс очекува да подели 336 милиони дози вакцини кои ги развија АстраЗенека и Оксфорд во првите два квартали, повеќето произведени во Индија. Во првиот квартал се очекуваат дополнителни 1,2 милиони од вакцината на Фајзер и Бионтек.
Според Ан Линдстранд од СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари. Ковакс ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени. Земјите ќе добијат дози пропорционално на бројот на населението.
Најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони), потоа Пакистан (17,2 милиони), Нигерија (16 милиони), Индонезија (13,7 милиони), Бангладеш (12,8 милиони), Бразил (10,6 милиони), Кенија (4,2 милиони), Судан (3,4 милиони), Јемен (2,3 милиони) и Сирија (1,02 милиони)
Меѓу земјите во регионот, Србија ќе добие најмногу – 345.600 дози, потоа Босна и Херцеговина – 177.000, Албанија – 141.600, Македонија – 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација