Бизнис
29. March 2019 - 19:46

Преку ИПА проект ќе се развива туризмот во Пелагонискиот и регионот на Лерин и Солун

Преку проектот I-TOUR, финансиран од ИПА компонентата за прекугранична соработка на Европската Унија, ќе се развива туризмот во Пелагонискиот регион и регионот на Лерин и Солун во Грција.

-Проектот е финансиран 760.000 евра, 630.000 се финансирани од ЕУ, останатите од буџетот на државата. Преку оваа ИПА компонента ќе биде финансирањето и отворањето на граничниот премин Маркова Нога во Преспа, истакна ДЕЈАН ПАВЛЕСКИ, ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА.

Носител на проектот е Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Проектот треба да ги адресира недостатоците меѓу двата региона.

-Немаме заеднички туристички производ и недоволно искористеност на туристичките потенцијали на овие два региона. Овој проект е за цел Пелагониски регион, до Лерин и до Солун. Ќе имаме изработка на три готови туристички понуди кои ќе се промовираат на меѓународни тур оператори, за потоа да можеме да изработиме готов туристички производ, изјави ГОГО ВИДИМЧЕ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН.

-Заедно работевме на бизнис планови за да го искористиме она што што е заедничко -  Преспанското езеро. Сега сме во втора фаза и напредуваме одлично, истакна ЈОАНИС ТАМПАКОУДИС, ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС „АРИСТОТЕЛИС“ СОЛУН.

Експерти веќе ги мапирале потенцијалните туристички места врз кои ќе се изработат турите.