Македонија
15. September 2019 - 9:41

Прекинува мандатот на сите обвинители на СЈО

Со истекувањето на мандатот на Катица Јанева, која вчера беше разрешена од функцијата јавен обвинител, престанува и мандатот на другите обвинители на СЈО.

Советот на јавни обвинители утре ќе ја продолжи седницата кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат и ќе биде донесена одлука дали да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

– Ќе мораме да ги примениме одредбите од Законот за специјално јавно обвинителство за престанок на нивната функција, затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавнен обвинител. Тоа в понеделник ќе го констатираме само со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност – рече претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.