Македонија
21. July 2016 - 18:10

Прекинато водоснабдување во делови од Скопје

Поради изведување приклучок од Ф-80 мм на   ул. Шумадиска бр. 7, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Шумадиска, Киро Крстевски Платник, Златко Шнајдер, Васил Стефановски и Рајко Жинзифов.

Прекинот ќе почне во 8 часот и ќе трае до санирање на дефектот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од  ЈП Водовод и канализација. 

Поради промена на затворач од Ф-100 мм на ул. Призренска бр. 25 во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул. Призренска, Галичник, Коле Канински, Мрежичка, Мостарска и Пребондова, почнувајќи од  9 часот до санирање на дефектот.