Македонија
20. January 2021 - 13:09

Прекинато водоснабдување во дел од скопската населба Мичурин

Поради дефект на затворач ф-150 милиметри на крстосницата на улицата „Венијамин Мачуковски“ и булевар „3-та Македонска Бригада“ во скопската населба Мичурин, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од двете улици.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје прекинот на водостабдувањето ќе трае до остранувањето на дефектот.