Македонија
14. July 2016 - 19:32

,,Прекината Одисеја‘‘ нова претстава на МНТ во копродукција со полски театар

„Прекината Одисеја“ е претставата со која Македонскиот народен театар гради мост на културата со државата Полска. Истата е во режија на истакнатиот Јацек Гломб, во копродукција на театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница.

Ова е втора по ред копродукциска претстава на МНТ по успешната „Соларис“ во Виена.

Претставата е споеветна на егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кои својот живот го минуваат во Полска.

Министерството за Култура има интенција да ја поддржи соработката помеѓу театрите, ставајќи акцент на важните историски димензии од нашата држава.

Преставата ќе се игра на македонски и на полски јазик.

Премиерата  на  претставата ќе се оддржи на 17 септември..

Прекината Одисеја освен во Македонија, во ноември ќе се игра во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.

Рената Блажевска