Македонија
26. September 2016 - 15:28

Прекината 120. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 120-та седница, на која беше усвоен само дневниот ред, по што беше прекината.

На оваа седница се Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски по усвојувањето на дневниот ред ја прекина 120.седница, бидејќи е потребно до пратениците да се достават извештаите од работењето на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се расправа по овие две точки.