Фудбал
7. March 2016 - 19:34

Прекинат мечот Шкендија - Младост ЦД

Натпреварот од 21.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Младост Ц.Д. кој се играше попладнево на стадионот Чаир во Скопје, е прекинат во 66-минута.
 
Главниот судија Влахо Константин во консултации со колегите и претставниците на клубовите, беше принуден да го прекине мечот при резултат 0-0. Едноставно теренот во Чаир повеќе наликуваше на базен отколку на фудбалско игралиште па друго решение и не постоеше.
 
Според пропозициите, на ФФМ, ако се случи прекин до 72.минута од мечот, се преигрува истиот во рок од 24 часа, а ако следува прекин по 72-та минута нема доигрување.
 
Водено за утре од 14 часот на арената Филип Втори закажан е и последниот натпревар од ова коло, во кој лидерот Вардар ја пречекува екипата на Брегалница.