Свет
18. January 2019 - 9:42

Прекинаа британски специјалец во шопинг: Еве зошто тоа на терористите во Најроби им беше фатална грешка

Британски специјалец бил во шопинг во Најроби кога слушнал дека во тек е напад на терористи на луксузниот хотел. За неколку минути ја извадил неопходната опрема од багажникот и тргнал во пресметка.

Петмина тешко вооружени исламистички терористи го нападнаа луксузниот хотелски комплекс во Најроби. Зад себе оставија 21 убиен цивил, но таа бројка можеше да биде поголема ако во борбата не се вклучеше тој.

Надзорните камери го фатија моментот во кој специјалецот кој не е на должност влегува во комплексто под напад на терористи и тргнува во одбрана и спасување на престрашените луѓе со помош на една модификувана колт пушка, Глок и еден нож, пишува Дејли Мејл. Лицето го прекрил со маска.

Наводно бил на шопинг во градот кога слушнал дека терористите го нападнале хотелскиот комплекс, па од својот автомобил ја извадил потребната опрема и се упатил на местото на нападот при кој терористите користел автомобил - бомба и огнено оружје.

„Имал опрема во автомобилот, па, кога се почна, отрчал до него и се опремил пред да тргне во акција. Кога стигнал до хотелот почнал да ја организира целата операција,давајќи им инструкции на полицијата и војската. Потоа и сам влегол во хотелот за да го убие непријателот и да ги спаси заложниците. Беше неверојатно подготвен и храбар“, рече ветеранот на САС, Крис Рајан за Мирор.