Македонија
26. September 2022 - 9:11

Прекин во водоснабдувањето во општина Кисела Вода

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Сердарот“ и „Иван Хаџиниколов“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Сердарот“ бр.84Д.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.