Македонија
9. April 2019 - 21:28

Прекин во водоснабдувањето на улицата „16-та македонска бригада“

 Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „16-та македонска бригада“, утре дел од корисниците ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Без вода од 8 часот, па се до санирање на дефектот, ќе бидат корисниците од улицата „16-та македонска бригада“ , од крстосницата со булеварот „Александар Македонски“ до подвозникот Керамидница, како и Противпожарната бригада.