Македонија
19. October 2018 - 13:49

Прекин на водоснабдувањето во делови од Македонска Каменица

 Поради замена на цевка на главната водоводната линија, денеска жителите од Бачовска маала во Македонска Каменица ќе бидат без вода за пиење.
Како што информираат од јавното претпријатие „Камена Река“ по отстранувањето на дефектот водоводната линија повторно ќе биде ставена во функција со што жителите од споменатите места повторно ќе можат да ја користат водата за пиење.
– На одредени места во Македонска Каменица етапно се врши замена на цевките од главната водоводна мрежа. Поради таквите интервентни зафати денес сите корисници на водоводната линија од Македонска Каменица кои живеат на подрачјето на Бачовска маала ќе бидат без вода за пиење. Очекуваме интервенцијата на водоводната мрежа да се одвива со побрз интензитет, по што водата ќе биде пуштена во употреба и жителите од споменатите места повторно ќе можат да ја користат за пиење, информираат од Јавното претпријатие Камена Река.
 
Од таму додаваат дека интервенцијата на екипи на јавното претпријатие со замената на цевки на главната водоводна линија на одредени места ќе продолжи во наредниот период во кој граѓаните на Македонска Каменица ќе бидат благовремено известени за прекинот со водоснабдувањето.