Македонија
17. March 2016 - 8:48

Прекин на сообраќајот на обиколницата Битола-Ресен

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Општинскиот пат с. Долни Полог - с.Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд. 

На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ препорачуваат користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на Стража.