Македонија
24. јуни 2016 - 17:18

Прекин на сообраќајот кај Кратово

Сообраќајот на регионалниот пат Кратово, на местото „Чатал“ и обратно е во прекин од 16:15 часот поради невреме, силен ветар и дожд, односно на патот има паднато дрва (тополи).

Од АМСМ информираат дека се преземаат мерки за расчистување на патот. 

Од 17:15 часот сообраќајот на регионалниот пат Кратово - м.в„Чатал“ и обратно кој поради невреме, силен ветар и дожд беше во прекин е пуштен по една коловозна лента.