Македонија
29. August 2020 - 8:24

Прекин на патниот правец А2 Кичево - Охрид на 31 август

ГП Илинден - Струга известува дека на ден 31.08.2020 (понеделник), на патниот правец А2 Кичево - Охрид, поточно на делницата Пресека - с. Врбјани, помеѓу 12:00 – 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради изведување градежни работи на пат (минирање).

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ: Поради поставување на канализациона мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар - с. Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.