Македонија
5. January 2018 - 8:30

Прехранбени пакети за 30 социјално загрозени семејства

Во Центарот за социјална работа Скопје денеска ќе бидат поделени пакети со прехранбени производи за 30 социјално загрозени семејства, како дел од традиционалната хуманитарна акција на Лајонс клубот Св. Пантелејмон - Скопје.

Изборот на семејствата е направен од Центарот за социјална работа Скопје.

На доделувањето на хуманитарната помош ќе се обрати заменик претседателот на Лајонс клубот Св. Пантелемон – Скопје Горан Спирковски, претставник од Центарот за социјална работа, а ќе присуствуваат и членовите на клубот.