Свет
9. May 2017 - 9:25

Прегратката на Трамп се претвори во „проклетство” за екстремните десничари

Си-Ен-Ен - Атланта

Емануел Макрон, француски умерен центристички кандидат, со победата на претседателските избори над неговата противничка Марин Ле Пен, го потврди трендот кој требаше да ги загрижи десничарските популисти, посебно тие кои работат во Белата куќа.

Во ироничниот пресврт, доаѓањето на Доналд Трамп на место на претседател кој требаше да ја отвори вратата на победите на неговите истомисленици, сега ги уништува нивните шанси за успех. Победата на Макрон несомнено е резултат на неброено многу фактори, од кои некои се својствени само на Франција. Но, една од причините за неговата победа е таа дека француските гласачи биле ужаснати од можноста да изберат сопствена верзија на Трамп. Ле Пен премногу ги потсетува на новиот американски претседател, човек кој тие воопшто не го сакаат.

Трамп има слаба поддршка во Соединетите Американски Држави, но тоа не е ништо во однос на немање на поддршка во Франција.

Неодамнешната анкета покажала дека неверојатни 82 отсто француски гласачи не се наклонети кон Трамп, што е полошо од Путиновите лоши 70,9 отсто. Победата на Трамп во САД требаше да помогне на популистичките политичари од другата страна на Атлантикот. Наместо тоа, таа ги спречува.

Француските избори, како секоја политичка трка, се локална работа. Но тие исто така се и микрокосмос на поголема битка која се одвива во западните демократски општества.

Западот стана боиште за националистичите популисти кои ги запалуваат масите и им додаваат гориво на нивното незадоволство и стравови, обвинувајќи ги за потешкотиите странците, имигрантитте, лошите трговски договори и меѓународните организации кои го кородираат суверенитетот на државите. Тие се во судир со либералните демократи, политичари кои се залагаат за демократски слободи, толеранција, еднаквост, меѓународна трговија и активно учество во меѓународните организации.

Националистите уживаат добри односи и силна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин (иако е прашање до кога). Тие сакаат распад на Европската унија, што Путин со право го смета за слабеење на Западот.

Трамп во текот на кампањата во САД се претставуваше како националистички популист. Неговата победа предизвика бран на еуфорија меѓу европските популисти.

Стратегот на Трамп, идеалистот Стив Банон, по своја прилика и понатаму сака да види националистичка револуција ширум Западот. Меѓутоа, по еуфоријата поради изборот на Трамп, следеа лоши вести за неговите европски истомисленици.

Европските антиимигрантски лидери одеа во САД, во делириум поради Доналд Трамп. Холандскиот антимуслимански лидер Герт Вилдерс присуствуваше на републиканската конвенција. Лидерот на британската антиевропска партија УКИП, Најџел Фараж целиот насмеан ја славеше победата на Трамп по објавата на резултатот, па Трамп предлагаше Фараж да биде именуван за амбасадор во САД.

Ле Пен исто така е видена во холот на седницата во Трамп Таур пред инаугурацијата.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, рече дека нејзиното присуство немало никаква врска со Трамп, туку таа се состанала со Гвидо Ломбарди кој живее во Trump Tower, а кој себе се опишал како врска меѓу Трамп и европските лидери на крајната десница.

Се до самата инаугурација, националистите имаа многу причини за славење. Меѓутоа, прегратката на Трамп се претвори во проклетство, Како што заклучува Гитис, националистите немаат изгледи за победа.