Македонија
8. July 2016 - 18:03

Преговорите за владиното рекламирање продолжуваат

Локалните и регионалните медиуми  се договорија за две промени во предложениот текст на законот за информативни реклами и кампањи.  Првата се однесува на  пресметката на уделите на пазарот на регионалните и на локалните телевизии да се направи поделба за терестеријалните регионални телевизии и за кабловските. Втората е во делот на мерењето на гледаноста, а за истото агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе треба да избира агенција која ќе мери рејтинг врз основа на високо професионални критериуми. Доколку е потребно ќе се ангажира и втора агенција за проверка на резултатите.

Ќе се утврдува и решение на кој начин ќе биде распределен буџетот за капањите кои чинат помалку од 100 илјади евра. За националните телевизии е договорено да се ангажира агенција одбрана од Македонскиот  Комитет за мерење на гледаноста.  Предлог законот е дел од идните реформски приоритети на владата кои произлегуваат од извештајот на Прибе. Ресорното министерство вчера разговараше и со претставниците на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, потоа претставниците на телевизиите на државно ниво преку сателит, како и претставници на националните радија.