Македонија
2. October 2019 - 19:45

Преговорите за изборниот законик стартуваат со различни партиски позиции

Мали се шансите за измени на изборниот модел по обновувањето на разговорите на работните групи за измени во изборниот законик. По вчерашната средба Министерката Дескоска порача дека приоритет ќе се даде на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а дури потоа ќе се дискутира за евентуални измени на изборниот модел. Власта и опозицијата се согласуваат со оваа агенда но имаат различни ставови во врска со можното воведување на нов начин на избор на пратеници.

Малите политички партии во повеќе наврати иницираа промена на изборниот модел преку воведување на една изборна единица, а од Џафери побараа да бидат вклучени и во работните групи кои преговараат за измени во изборниот законик. Нивната инцијатива претходно доби поддршка и од Претседателот Пендаровски но и од премиерот Заев кој изрази надеж дека по отворената дебата ќе се создаде атмосфера за консензус и можност за промена на изборниот модел.