Македонија
20. May 2018 - 17:46

Преговорите за името ја ставија во втор план владината реконструкицја

Владината реконструкција која требаше да се случи на почетокот на овој месец, перидов  не била  приоритет за Владата. Познати се кадровските решенија, но Владата била фокусирана   на процесот за решавање на спорот со името. Министерката за одбрана очекува реконструкцијата да финишира за кусо време.

Предлогот за нов министер за култура доаѓа од БЕСА на Африм Гаши. Оттаму најавија дека ќе бидат дел од владината коалиција а за министер е предложен поранешниот амбасадор во Данска Асаф Адеми. На последните локални избори тој  беше кандидат за градоначалник на Гостивар.

Во Владата ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи по цели 10 години. Тачи ќе има министер без ресор задолжен за странски инвестиции, место кое до локалните избори припаѓаше на ДУИ. Кандидатото на ДПА за ова министерско место е пораншениот пратеник Бардуљ Даути. Партијата добила и заменик министер за транспорт и врски а функцијата ќе му припадне на Мирасим Бекири.

Во претстојната реконструкција на Владата, можно е да дојде и до ротација на министерските позиции меѓу СДСМ и ДУИ.