Македонија
24. January 2018 - 17:24

Преговорите за името го пролонгираа дијалогот во куќата на Жан Моне за март

Март веројатно ќе биде терминот во кој претставниците на парламентарните партии ќе треба да ги одржат работните средби во куќата на Жан Моне во Париз.
 
Иако неофицијалните најави беа дека овие средби требаше да се одржат утре и задутре, сепак пролонгирањето е резултат на сеија причини.
 
Парламентарниот спикер, Талад Џафери во изјава за МИА, потвридл дека во координација со европратениците, чија и беше иницијатвата, одлучено е разговорите меѓу власта и опзоицијата да се одложат за два месеци.
 
Причината за одложувањето што ја посочува Џафери, е овие средби да не се доведат во контекст на разговорите за решение на спорот за името со Грција, кои се интензивирани во овој период, но и да и се даде време на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира по изборот на новото раководство, да се изберат нови орган, за потоа со свои претставници да можат да се вклучат во разговорите.
 
Во опозицијата пак засега нема никави официјални информации за овеи средби.
 
Темите за кои што требаше да се разговара на средбите во рамки на процесот Жан Моне беа реформските закони кои треба да се донесат со консензус, законите за кои треба двотретинско мнозинство, нов Деловник за работа на Парламентот и етички кодекс за пратениците.
 
Опизициската ВМРО ДПМНЕ се уште е во процес на бојкот на Парламенторт, поради притворот за настаните од 27 април. Потпретседателот на партијата, Александар Николоски во интервју за Прес 2, вели дека опзицијата досега нема никакви официјални информации за идеите за реформи, и ако власта не го промени овој одност, тогаш тешко може да се очекува подршка од опзоцијата.
 
Гледате постои една тенденција на власта да ја изолира опозицијата. На зборови се слаткоречиви, во пракса се исклучиви и се затвараат во свој круг. Може да продолжат така, но штета покрај тие самите, ќе има и Република Македонија. Ние сме секогаш тука со нашите експерти да дадеме конструктивен придонес, доколку е побаран од нас. Доколку се продолжи со оваа политика тогаш не може да се очекува ни подршка од наша страна во Собранието, вели Николоски за Прес24.
 
Состаноците, во Париз според најавите, треба да бидат во формат по еден координатор и еден пратеник од пратеничката група, а на нив ќе присуствува и претседателот на Собранието Џафери.