Loading Video...
Свет
21. January 2022 - 20:10

Преговорите помеѓу Блинкен и Лавров за руско-украинските тензии останаа без напредок

Ако Русија сака да го увери светот дека не планира да ја нападне Украина треба да ги повлече војниците од границата. Русија се наоѓа пред избор-преговори или конфликт. Америка е подготвена за двете опции порача Блинкен по средбата со Лавров во Женева. Американскииот државен секретар истакна и дека Вашингтон нема да остапи пред Москва во однос на политиката на отворени врати на НАТО. Москва бара од САД гаранции дека Украина и Грузија нема да станат членки на НАТО и сојузот да престане да испраќа војска и оружје во регионот. САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата следната недела.

- Очекуваме да добиеме одговори на нашите предлозите кои се конкретни и очекуваме да добиеме конкретни одговори изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна и дека Русија не планира воени дејствија а за разговорот со Блинкен рече дека бил отворен и корисен и дека дијалогот ќе продолжи. И според Блинкен разговорот бил отворен и содржински. Пред средбата со Блинкен, Лавров изјави дека, безбедносните гаранции што Русија ги бара од Запад за повлекување странски војници, оружје и опрема важат и за Бугарија и Романија.