Loading Video...
Свет
30. October 2024 - 12:42

Преглед на вестите од светот

Потпретседателката на САД и претседателски кандидат Камала Харис го одржа својот последен говор пред претседателските избори во Елипс Парк, недалеку од Белата куќа, посочувајќи дека САД се пред избори кои ќе покажат дали ќе имаат земја во која слободата е вкоренета за секој Американец или земја во која ќе владее поделба и хаос.

На митингот се собрале повеќе од 75.000 луѓе. Инаку, митингот се одржа во близина на Белата куќа каде на 6 јануари 2021 година Трамп им се обрати на своите поддржувачи пред да го нападнат американскиот Капитол. Во дел од говорот таа го нападна претседателскиот кандидат Доналд Трамп, посочувајќи дека тој е личноста која застана на истото место пред четири години и која испрати вооружена толпа да ја урне волјата на народот на слободни и фер избори.

Таа посочи дека главен приоритет на американските власти пред четири години бил да се стави крај на пандемијата и да се спаси економијата, а сега најголем предизвик им е да ги намалат трошоците – трошоци кои растеа и пред пандемијата, а кои се уште се превисоки. 

Околу 51 милион Американци веќе гласале на изборите, според Изборниот центар на Универзитетот во Флорида.

Соединетите Американски Држави му порачаа на својот сојузник Израел во писмото на 13 октомври дека мора да преземе чекори во рок од 30 дена за да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа или ќе се соочи со потенцијални ограничувања на американската воена помош, изјави амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд. На состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации. 

Израел започна широка воена офанзива во северниот дел на Газа на почетокот на овој месец, а Вашингтон внимава на акциите на Израел на теренот да покажат дека нема „политика на гладување“ на северот.

Во понеделникот палестинската служба за вонредни состојби соопшти дека околу 100.000 луѓе биле отсечени во северниот дел на Газа, без медицински и храна. 

Трамвајот што излета од шините и удри во продавница во центарот на Осло во текот на вчерашниот ден е извлечен од продавницата. Повредени беа возачот и уште најмалку три лица, но никој немал потешки повреди. Во моментот на сударот во трамвајот имало околу 20-тина патници. Несреќата предизвика голема реакција од спасувачките служби, Ќе се изврши увид за конструктивни оштетувања, соопшти полицијата.