Loading Video...
Свет
7. December 2024 - 17:18

Преглед на вестите од свет

Неуспешен обидот за импичмент на Јужнокорејскиот претседател. Барањето на опозицијата за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол поради одлуката за воведување воена состојба беше одбиено поради немање кворум. Пратениците на владејачката партија ја напуштија седницата

Претходно јужнокорејскиот претседател во обраќање пред јавноста се извини за обидот да воведе воена состојба, но не поднесе оствка

Многу ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани. Во однос на прогласувањето воена состојба, нема да избегнам никаква правна или политичка одговорност/„Никогаш нема да има втора декларација за воена состојба. Оставам на мојата партија да преземе чекори за стабилизирање на политичката ситуација во иднина, вклучително и прашањето за мојот мандат, рече Сук Јеол 

Хрватскиот премиер Пленковиќ го преживеа гласањето за недоверба на неговата влада. Опозицијата не обезбеди доволен број гласови за да ја собори владата, па нивното барање доби поддршка од 64 пратеници, додека 76 беа против 

Социјалдемократската партија предложи недоверба поради обвинувања за корупција против поранешни министри и функционери од владејачката Хрватска демократска заедница. Уапсен беше поранешниот министер за здравство, Вили Берош, кој беше обвинет за примање мито, но еден месец по притворањето Берош беше осолободен по исказите на сите сведоци 

Трикатна станбена зграда во Хаг се урна по експлозија и пожар, пожарникарите се уште трагаат по можни жртви под урнатините.

Според првите информации, 20тина лица се затрупани под урнатините. Спасувачките служби  информираа дека неколку лица веќе се спасени, а 4 повреди лица се пренесени во болница

Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата во зградата која се наоѓа недалеку од центарот на градот.