Македонија
28. September 2017 - 13:23

Прегазено петгодишно дете на македонските патишта

Во с.Ораовица–Радовиш вчера во 12:30 часот се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „Фиат Дукато“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.Б. (47) од Кочани, удрило во дете-пешак на возраст од пет години од село Ораовица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил задржан на лекување во Клиничкиот центар во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Радовиш.