Македонија
22. August 2016 - 13:23

Прегазено осумгодишно дете додека возело на велосипед во Велес

Вчера околу 18.30 часот во Велес на ул.„Димитар Влахов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост и управувано од С.С. (25) од Велес и осумгодишен велосипедист од Велес.
 
По незгодата велосипедистот е пренесен во МЦ-Велес, каде од страна лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот ќе биде пренесен во Ургентен центар Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес, а по наредба на јавен обвинител возилото е упатено на вонреден технички преглед.