Македонија
19. September 2018 - 11:05

Прегазено девојче (16) во Автокоманда, со тешки повреди пренесено на Клиника


Вчера околу 12.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Фиат Браво“ со прилепски регистерски ознаки управувано од И.К.(62) од Прилеп удрило во 16 годишно женско лице од село Миравци, гевгелиско, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.